Штипјани се напиле па со метална шипка тепале што им застане на патот

Двајца штипјани се напиле па дивееле низ градот и нападнале двајца сограѓани без никаков повод и причина.
 
Настанот се случил синоќа околу 19 часот на крстосницата од улиците Сремски Фронт и Џемал Бједиќ кога 37-годишниот Р.Т.  кој упшравувал со автомобил марка „голф“ бил пресретнат од друг „голф“ со црвена боја, од каде излегло едно лице коа без причина физички го нападнало, а потоа отишло до автомобилот да земе метална шипка за да ја доврши физичката пресметка. За среќа, во тој момент Р.Т. некако успеал да побегне од местото на настанот.
 
Еден час подоцна, околу 20 часот истиот голф во црвена боја на улицата Радњанска застанал такси возило со две лица и го нападнал возачот со металната шипка.
 
Полицијата го привела  34-годишниот А.К. кај кој алкотестот покажал 1,48 промили алкохол во крвта и 36-годишниот З.Н. кој имал 0,74 промили  алкохол во себе.
 
 

најчитано сега