Влошена здравствената состојба на Нелсон Мандела

Поранешната сопругата на Нелсон Мандела, Вини Мадикизела-Мандела за јужноафриканскиот весник “Сандеј Индипендент” изјавила дека тој е многу болен и не може да зборува, но комуницира со знаци.

Деведесет и пет годишниот Мандела од септември е на лекување во домашни услови, откако речиси три месеци беше во болница поради белодробна инфекција.

Тој не може да изговара поради цевките во устата за дренажа на белите дробови, му објаснува Вини Мандела и додава дека, според лекарите, има надеж тој да го поврати гласот. Таа категорично негира дека Нелсон Мандела е на вештачко дишење.

За неговото здравје во домот се грижат 22 лекари и иако пневмонијата му поминала, белите дробови му се почувствителни, вели неговата поранешна сопруга.

„Тешко е за него. Тој мора да биде во стерилна средина. Неговата соба е како сала за интензивна нега“, објаснува неговата поранешна жена.

 

Се претпоставува дека овие белодробни проблеми се поврзани со последиците од туберкулозата, од која тој заболе во затвор на островот Робен, каде помина 18 години при режимот на Апартхејдот.

17.11.2013 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега