Патнички авион се урна во Русија - најмалку 50 загинати

Авион Боинг-737, кој сообраќал на домашен лет во Русија, се урна денеска при слетувањето на рускиот град Казан, јави ИТАР-ТАСС. 

Според првичните информации од руското Министерство за вонредни ситуации во несреќата загинале најмалку 50 лица, кои се уште се наоѓаат во авионот. 

- Во 19:30 часот по московско време на аеродромот во Казан при слетувањето се урна Боинг-737, кој сообраќал од Москва за Казан. По урвивањето одекнала експлозија, нагласи Министерството. 

Авионот Боинг 737-500 е на авиокомпанијата „Татарстан“, соопшти руската Агенција за цивилно воздухопловство. 

17.11.2013 - 18:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега