Кипар ќе му оддаде последна почит на Клиридис

Државниот врв на Кипар  како и граѓаните на островот денеска ќе му оддадат последна почит на поранешниот претседател Глафкос Клиридис, кој почина во петокот на 94-годишна возраст. 

Посмртните останки на поранешниот претседател ќе бидат изложени во храмот „Божјата мудрост’, а погребот ќе се одржи утре. 

Грција на погребот ќе биде претставена од премиерот Андонис Самарас, заменик-премиерот и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, министерот за одбрана Димитрис Аврамопулос и државниот министер Димитрис Стаматис. 

Глафкос Клиридис беше четвртиот претседател на Република Кипар. Тој беше избран во 1993 година и остана на таа позиција десет години. За време на неговата функција Кипар стана членка на Европската унија

18.11.2013 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега