Австралија го шпионирала претседателот на Индонезија

Службите за безбедност во Австралија ги прислушувале телефонските разговори на индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно, јави австралиската телевизија Еј-Би-Си.

Документите, објавени од поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, покажуваат дека австралиските специјални служби повеќепати се обидувале да го прислушуваат мобилниот телефон на Јудхојоно и цели 15 дена во август 2009 година ги следеле неговите разговори.

Според документите, биле прислушувани и телефонските разговори на сопругата на Јудхојоно и на серија индонезиски владини функционери, меѓу кои и потпретседателот Боедионо.

Австралискиот премиер Тони Абот, одби да ги коментира ваквите обвинувања и застана во одбрана разузнавачкита активнисти на неговата земја.

- Сите влади собираат информации и сите влади знаат дека секоја друга влада собира информации... Моја прва задача е да ја штитам Австралија и да ги поддржувам нашите национални интереси, изјави Абот.

Тврдењата за прислушување се однесуваат за периодот кога на власт во Австралија беа лабуристите, а не конзервативците на Абот.

 

18.11.2013 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега