Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со рејтинг колку СДСМ и ДУИ заедно

Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 22,5% од поддршката на граѓаните, СДСМ 15,3%, а ДУИ 7,3%, покажува последната анкета која ИПСОС ја спровел за потребите  на ВМРО-ДПМНЕ

На анкетата 57% од граѓаните рекле дека државата се движи во погрешна насока додека 31% насоката ја определиле како правилна.
44% од граѓаните поддржуваат да се организираат брзи предвремени избори додека 38,8% се против.
Анкетата е спроведена од ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 12 до 30 ноември годинава врз репрезентативен примерок од 1010 испитаници

06.12.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега