Три милиони рубљи за семејствата на загинатите во авионската несреќа во Русија

Семејствата на загинатите во вчерашната авионска несреќа во Казан ќе добијат помош од три милиони рубљи.

Вицепремиерот на Русија, Аркадиј Дворкович при средбата со премиерот на Русија, Дмитриј Медведев соопшти дека два милиони рубљи ќе бидат обезбедени од осигурителната компанија „СОГАЗ“, а од властите на Татарстан, по еден милион.

„Што се однесува за исплатата на материјална помош, во согласност со договорот за осигурување, компанијата „СОГАЗ“, ќе исплати средства во износ од околу два милиони рубљи на семејствата на секој загинат, освен тоа, Република Татарстан донесе одлука да им исплати по еден милион рубљи на семејствата на загинатите во несреќата“, рекол Дворкович.

Според последните информации падот на авионот најверојатно  бил поради грешка на пилотот и техничка грешка на леталото, кое било старо 23 години.

Боингот  експлодираше при третиот обид за алетување на аеродромот во Казан, а спасувачките екипи ги пронајдоа телата на сите загинати.

18.11.2013 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега