Спектакал на небото: Пристигнува комета која ќе ја засени Месечината

Со голема брзина низ Сончевиот систем се движи кометатат ИСОН, а на 28 ноември ќе биде оддалечена од Сонцето околу милион километри. 

Според астрономите кометата ќе предизвика вистински вселенски спектакл. Небесното тело тогаш ќе мине неверојатно близу до Сонцето, што ќе предизвика испарување на мраз од кометата и како последица на тоа ќе се формира каракеристичната опашка, која ќе биде јасно видлива. Според некои научници таа најверојатно ќе ја засени и Месечината. 

Оваа комета за прв пат е откриена септември минатата година. Нејзината близина до Сонцето ќе ја загрее кометата, која е составена од мраз, метали и карпи, на 2.760 степени Целзиусови, така што таа ќе биде многу посветла од повеќето комети.

ИСОН ќе мине стопати поблиску до Сонцето, отколку што во 1997 година прелета кометата Хејл-Боп, која 18 месеци можеше да се гледа од Земјата со голо око.

18.11.2013 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега