Претставено е најголемото беспилотно летало во Иран

Иран денеска го претстави својот нов летачки апарат, кој, според иранските власти, е најголемото беспилотно летало произведено во земјта.

Леталото може да мине во воздух без прекин најмалку 30 часа .

Министерот за одбрана на Иран, Хосеин Дехкан изјави дека разузнавачкиот и борбен беспилотен авион наречен „Фотрос“ е со радиус на дејство до 2.000 километри. Со него ќе може да се покрие голем дел од Блискиот Исток, вклучувајќи го и Израел.

Беспилотното летало е проектирано и произведено од ирански научници, посочи Дехкан.

18.11.2013 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега