ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да го врати земјоделството 15 години назад

Гледаме слушаме и не ни се верува. СДСМ денеска промовираше мерки кои што наводно според нив значат големи реформи и уште веднаш да кажеме дека со овие мерки СДСМ ја враќа земјоделската политика 15 години наназад. Сето ова што денеска ни го понуди СДСМ се само општи наслови како во времето на комунизмот кога главниот слоган беше:

ЌЕ БИДЕТЕ СРЕЌНИ АМА НЕ ВИ КАЖУВАМЕ КАКО!

Во сите сфери за кои денес СДСМ зборуваше, владата на ВМРО- ДПМНЕ веќе реализира мерки кои што по обем се два три или четири пати повеќе односно даваме дупло и повеќе пари за сето она што тие го предложиле. Ние реализираме! Она што го ветуваме го ставаме на хартија, во Програма.

СДСМ замислете реформата во земјоделството ја претстави на еден лист хартија, а ВМРО- ДПМНЕ ја има Стратегијата на повеќе од сто страници со конкретни мерки, рокови и начини на финансирање, износи и анализи.

СДСМ не ја следи политиката во земјоделството, не ги следи состојбите, нема допир со реалноста, нема анализа, предлага нешто што е одамна реализирано или пак се анализира во поголем обем од она што тие го предлагаат. Како на пример:

СДСМ предлага 10 милиони евра годишно за системи за наводнување, ВМРО веќе дава 18 милиони евра годишно.

СДСМ предлага 30% покривање на средства за дупчење на бунари, ВМРО-ДПМНЕ веќе дава 100% средства.

СДСМ предлага 15% за учество во градба на капацитети, ВМРО-ДПМНЕ веќе финансира 50% од трошоците за инвестиции.

СДСМ предлага финансирање на трошоци за финансирање на брендирана амбалажа, ВМРО-ДПМНЕ веќе финансира трошоци  за брендирана амбалажа во винарската индустрија и за извезени преработки од овошје и зеленчук.

Земјоделците знаат кој е нивниот вистински пријател и знаат кој досега им помогнал и знаат дека во целиот мандат СДСМ им има дадено 5 милиони евра, а ВМРО-ДПМНЕ досега даде 500 милиони евра и оддели многу повеќе за наредниот период.

Земјоделците знаат дека во време на СДСМ плаќаа 15, 18 и 24% данок и знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги спушти тие даноци и сега се 0% за малите земјоделци, 2% за средните и 10 % за големите земјоделци.

ВМРО-ДПМНЕ за средните земјоделци ги намали и придонесите за над 25% и од предходните околу 7000 денари плаќаат 4500 денари, а за малите земјоделци придонесите ги намали на од 7000 денари на 1800 денари

Понатаму очигледно дека СДСМ не ги познава работите во земјоделството и функционирањето на меѓународните организации и предлагаат 30% за покривање на извозни трошоци. Ние веќе имавме иницијатива да покриеме 40% за ваквите трошоци, но Македонија е земја членка на СТО и во глобалните трендови извозните субвенции не се применуваат.

 

Се сеќаваат земјоделците на мандатите на СДСМ, кога беа третирани како граѓани од втор ред. Во тоа време СДСМ гледаше  со потсмев на нивната мака а проблемите на земјоделците ги решаваа само со празни ветувања и вакви памфлет политики.

(Интегрален текст од прес конференција на г-ѓаМаргарита Делева, комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ)

18.11.2013 - 21:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега