(ФОТО) До темел изгоре куќа во Кисела Вода
Во пожар синоќа изгоре куќата на семејството Атанасовски во скопската општина Кисела Вода. Обезбедено е привремено сместување за сопственикот Тони Атанасовски, а од општината најавуваат помош за повторна изградба на куќата.
На местото на настанот, како што информираа од општина Кисела Вода, бил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и отецот Оливер од хуманитарната организација “Св. Спас”.
„Ова е траорна ситуација, тажна и многу потресна. Во наредниот период, сите хумани сили ќе ги насочиме кон помош на мојот сограѓанин Тони Атанасовски. Повторно ќе го изградиме неговиот дом. Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за овој наш сограѓанин да не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен“, изјавил Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа