Канибалистот кој уби старец и му го изеде срцето бил војник

Момчето од Франција кое минатата недела предизвика паника кај светската јавност откако уби старец, а потоа му ги изеде срцето и јазикот, до септември служело во францускиот контингент во Авганистан.

Се работи за 26-годишниот канибал кој уби 90-годишен старец, а потоа му ги изеде срцето и јазикот, со што се предизвика паника дека можеби уште еден канибал монструм му се заканува на светот. Патолозите ја анализираат и соддржината на чинијата, најдена до трупот. Во неа имало боранија со месо, за кое експертите се обидуваат да утврдат дали е од човечко потекло.

Војникот при приведувањето изјави дека нешто од горе и гласовите во неговата глава му рекле да го направи грозоморното убиство.

При психијатрискиот преглед се утврдило дека тој е во делириум, а неговите колеги војници велат дека одговорно си ја вршел задачата и не создавал проблеми.

19.11.2013 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега