Жена роди шесторка по 11 години обид да забремени

 

Гада Хамад од Палестина 11 години се обидувала да забремени но никако тоа да биде успешно. По многуте обиди Гада донесе на  свет, четири момчиња и две девојчиња. Бебињата се зачнати со вештачко оплодување.

Бебињата се родени меѓу  750 и 1.400 грама и се чувствуваат добро заедно со својата мајка.

- Фала му на Бога, јас сум пресреќна. Ова е најголемата радост за некој што со години ме може да роди. Дури 11 години се обидував да забременам, вели среќната мајка Гада Хамад.

19.11.2013 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа