Невреме во Кина - Најобилни снежни врнежи во последните 50 години

Над 50.000 лица се мобилизирани денеска за расчистување на снегот во  град Харбин, административен центар на североисточната кинеска провинцијата Хејлонгџијанг, по најобилните снежни врнежи во реонот во последните 50 години.

Од вчера се затворени сите детски градини и училишта во градот, каде снежната покривка на некои места надминува десет сантиметри.

Националниот метеоролошки центар го прогласи опасност од снежни бури и прогнозира продолжување на снежните вренежи во провинцијата и во текот на следното деноноќие.

Аеродромот во Харбин работи со прекини, а затворени се повеќето од автопатиштата.

19.11.2013 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега