Студентки наплаќаат 150 евра за секс - разбиена мрежа на елитна проституција во Белград

Полицијата во Белград разби ланец на проституција кој функционирал по белградските сплавови и клубови.

Како што пренесе српски Курир, 31-годишниот М.Н. го организирал овој синџир на проституција и присилувал девојки на возраст од 18 до 30 години да даваат секс-услуги за пари. 

- Ова момче е редовен посетител на сплавовите и клубовите во Белград. Добро ги познавал менаџерите и сопствениците на локалите и благодарение на овие контакти ја ширел својата работа. Клиентите исклучиво ги барал со препорака и работел во затворен круг на луѓе, велат од белградската полиција и додаваат дека бил имотен човек кој носел луксузна облека и возел луксузни автомобили.

Девојките биле ангажирани исклучиво преку повик на телефон, а тие ги нуделе своите услуги во хотел или во некој стан. Еден час поминати со некоја девојка се плаќал по 150 евра, од нив 50 задржувал М.Н..

19.11.2013 - 09:30
Фото: 
hitportal

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега