ФОТО:Позната холивудска актерка била убиена со отров за глувци

32- годишната актерка Британи Марфи почина под мистериозни околности на 20 декември 2009 година, а како официјална причина за смртта беше наведено труење со лекови, силно воспаление на белите дробови и недостаток на железо во организмот.

Четири години по смртта на актерката „Дејли меил“ пишува дека е откриено дека актерката починала од труење, најверојатно од отров за глувци.

Резултатите од токсикологија беа објавени во медиумите а ќе се истражува и причината за смртта на нејзиниот сопруг Сајмон кој почина само пет месеци по нејзината смрт.

Мајката на актерката,сега ја тужи компанијата “Stajner&Libo”, која пред 13 години изградила зграда во Холивуд Хилс во која Британи и Сајмон починале и наведува дека двајцата биле отруени од токсичната мувла која се зафатила во станот.

Како што пишуваат неколку американските медиуми полицијата најверојатно ќе ја отвори повторно истрагата.

19.11.2013 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега