Владиното роуд шоу денеска во Милвоки

Владиниот економски тим предводен од Вицепремиерот Владимир Пешевски денес продолжи со инвестициското роудшоу во САД во градот Mилвоки. Во рамки на посетата делегацијата оствари средба со претставници на Џонсон Контролс во централата на оваа компанија. На средбата од страна на претставниците на Џонсон Контролс беше изразено задоволство од успешноста на нивните две фабрики во Македoнија и беше искажана благодарност до Владата на Република Македонија за одличната поддршка во фазата на реализација на нивните проекти. Исто така беа разговарани потенцијални можности за дополнителни инвестициски проекти во блиска иднина согласно на потребите за поконкурентна дестинација во Европа за дел од нивното производство.

 Во соработка со стопанската комора на поширокиот регион на Милвоки беше организиран бизнис форум за инвестициските можности во Македонија на кој покрај претставниците на економскиот тим на Владата на Република Македонија се обрати и директорот на Џонсон Контролс кој го  презентираше позитивното искуство на компанијата во Македонија пред бизнис заедницата во Милвоки. Во рамките на форумот беа споделени и дополнителни информации со две компании кои изразија интерес за посета на Македонија и подетално запознавање со можностите за инвестирање.

 Делегацијата исто така оствари и средба со врниот менаџерски тим на компанија од металната индустрија која е базирана во Милвоки каде оствари и посета на производствениот процес на компанијата. Бизнис форумот во Милвоки заврши со средба на Вицепремиерот Пешевски со градоначалникот на Милвоки, Том Барет.

 Минатата недела беа успешно реализирани бизнис форуми и средби со компании во Кливленд и Индианаполис. Економскиот тим на ова инвестициско роудшоу го сочинуваат Вицепремиерот Владимир Пешевски, Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, Директорот на ДТИРЗ, Виктор Мизо, Амбасадорот на Македонија во САД, Зоран Јолевски и Економскиот промотор, Дејан Величков. Утре делегацијата продолжува со посета на Минеаполис.

19.11.2013 - 10:14
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега