Италјанскиот остров Сардинија под вода - загинаа 14 лица

Загинаа 14 лица, а неколкумина други се водат како исчезанти во поплавите кои вчера го погодија островот    Сардинија, предизвикани од бурата Клеоптара проследена со силен ветер и обилни врнежи од дожд.

Поради поплавите неколку стотици лица беа принудени да ги напуштат своите домови, кои останаа под вода. 

Елементарната непогода предизвика огромни материјални штети, пред се во земјоделството и прекин во копнениот и авионскиот сообраќајот.

Од поплавите најтешко е погоден градот Олбија во североисточниот дел на Сардинија, каде според градоначалникот, штетите се „апокалиптични“. Според него, на одредени места нивото на водата од поплавите достигнало и до три метри.

Гуверенерот на Сардинија, Уго Капалачи оцени дека ова е „најекстремна состојба“ во последните децении.

Меѓу загинатите е и еден полицаец, кој заедно со полициското возлило што го управувал завршил во водите на реката Доргали, кога се урнал мост по кој се движел. При друго уривање на мост во близина на Олбија загинале уште три лица.

 

19.11.2013 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега