ВИДЕО: Познат нуркач починал додека се обидувал да го сруши рекордот

Почина нуркачот Николас Меволи за време на меѓународно натпреварување за нуркање без дополнителна опрема, обидувајќи се да постви нов рекорд.

Тој најпрво дал знак дека се чувствува добро, но подоцна по 30 секунди се онесвестил. Кога излегол на површината се обидел да зборува, но според сведочењето на очевидците, говорот му бил неразбирлив, и паднал во несвест. Му била дадена реанимација и медицинска помош но, не успеал да се разбуди.

Николас  се обидувал да постави рекорд во слободно нуркање и по постигнувањето на длабочината од 72 метра, се појавил на површината по три минути и 38 секунди.

19.11.2013 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега