ФОТО: Човекот кој го гушна папата ја раскажа својата трогателна животна приказна

Фотографијата на која папата гушка човек со  изобличено лице го освои целиот свет, а денеска истиот човек својата трогателна животна приказна ја раскажа за Дејли мејл

53- годишниот Винисио Рива  страда од генетско заболување наречено неврофибромитоза, поради што на целото тело, а особено на лицето, има големи израстоци.

Поради неврофибромитозата, Винисио постојано има болки и по телото му се појавуваат рани, а во текот на животот имал бројни операции кои воопшто не му помогнале.

Сепак, Винисио вели дека научил да живее со својата болест во текот на животот, а додава дека она што папата го направил за него уште повеќе му дало сила да се бори со предизвиците.

19.11.2013 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа