ВИДЕО: Со молитва го натерал торнадото да не му ја униши куќата

Еден американец се молел торнадото да не му ја уништи куќата. Ентони Кари и неговото семејство биле во дневната соба во својот дом во Вашингтон, Илиноис, кога неговиот татко помислил дека слуша звук од хеликоптер над неговата глава. Меѓутоа, кога погледнале низ прозорот виделе торнадо кое минувало блиску до нивната куќа.

"Торнадото дојде до мојот двор и можев да ги слушнам соседите кои врискаат. Сите бевме преплашени".

Не знаејќи што да прави, Кари почнал да се моли и да ја рецитира оче наш, истовремено држејќи ја камерата.

"Благословени сме што нашата улица остана недопрена. Кога ќе излезете од неа се наоколу е уништено", вели Ентони

 

19.11.2013 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега