Хорор во Нигерија: Исламисти палеле живи христијани

Вистински хорор се случува во Нигерија, како што соопштуваат медиумите, минатата недела убиени се преку 100 луѓе во нападите на 12 села во нигериската држава Плато. Одговорноста за нападите повторно ја презеде исламистичката терористичка група, Боко Харам.

Како што потврдуваат повеќе новински агенции, 50 христијани, членови на Црквата на Христа, во селото Масех, по нападот, побарале да се сокријат во куќата на својот пастор, каде биле живи запалени.

„Педесет членови на црквата се убиени во црковната зграда каде што се сокриле. Убиени се заедно со пасторот, жени и деца“ - соопшти Дакхолом Датири, свештеник и потпретседател на Црквата Христа во Нигерија.

Некои нигериски функционери сметаат дека членовите на муслиманското племе Фулани, кое ја населува државата Плато, ја помагаат Боко-Харам во прогонот на христијаните и воспоставуваат исламска доминација во земјата.

Граѓаните на Нигерија ја критикуваат пасивноста на власта и повикуваат на поголема одлучност во борбата против терористичките напади на Боко-Харам.

Пасторот Ајо Оритсејафор, претседател на Христијанската асоцијација на Нигерија, го повика Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Боко-Харам и официјално да ја прогласи за терористичка организација против која мора да се борат на меѓународно ниво.

19.11.2013 - 13:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа