Духови ги прогонуваат патниците во метрото во Москва

Деновиве се појави вистинска паника во Москва, бидејќи како што пренесуваат руските медиуми, духови ги прогонуваат патниците во московското метро. 

Даниел Велецки, копач и индустриски турист, кој се занимава со истражување на московското „подземје„ смета дека ова се само измислици: - Метрото е заштитен објект, и да се влезе во него и да се истражува практично е невозможно. Ако таму те фатат-тешко тебе. Копачите меѓу себе разговараат кој и како таму блегол и какви ужаси се изнагледал за време на својата прошетка. Најмногу се раскажува за глувци-мутанти и разни суштества-но тоа се само приказни кои луѓето ги знаат и не можат да ги проверат. Никакви возови-духови и „црни машиновозачи„  таму нема. А информациите за тоа, дека таму постојат станици, кои се наоѓаат на картите на метрото-се вистинити, вели тој.

Од друга страна, спротивно на неговите тврдења, голем број граѓани тврдат дека кај станицата „Сокол„ која е изградена под земја на местото на гробиштата на војници загинати во Првата светска војна, секогаш чувствуваат главоболка, студ и непријател мирис. Слична е ситуацијата со станицата „Преображенскаја„ која е изградена под гробиштата Преображенскаја.

Неколку пати месечно, на полноќ, се појавува воз дух на Кружната линија. Тој практично никогаш не отвара врата. Внатре се наоѓаат душите на затворениците градители на метрото, кои умреле во текот на изградбата. Ако го видите овој воз, тоа е лош знак. Возот е стар модел. Со надувани седиште и стари светилки. Но на  легендата и дојде крај- додава Велецки.

 

19.11.2013 - 14:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега