Турција црвениот тепих го замени со тиркизен

Како што пишува весникот „Јени шафак“, Црвениот тепих во зградата на Министерскиот совет во Анкара заминува во минатото, поради барањето на турскиот премер Реџеп Ердоган тој бил заменет со нов тиркизен тепих.

 Промената има за цел бојата на килимот да биде во согласност со униформите на полицијата. По тиркизниот тепих понатаму ќе чекорат и странските дипломати, посочува весникот „Јени шафак“.

19.11.2013 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега