СДСМ: Груевски не знае што е државен а што приватен сектор

Од СДСМ денеска реагираат на изјавата на премиерот Никола Груевски за нивните предлог-мерки.

- Чувствуваме должност пред граѓаните да му го објасниме на премиерот Груевски она што е видливо дека не му е јасно. Кога субвенциите ќе се поделат на вистински, правичен начин, и тоа на вистинските земјоделци, тоа не е дуплирање туку мултиплицирање на субвенциите во земјоделието. Субвенции за купување на гласови и политичка злоупотреба на земјоделците не се комедија, туку трагедија што ја предизвика ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

СДСМ додава дека премиерот Никола Груевски е човекот кој во владата е цели 11 години а се уште не може да направи разлика што е државен, а што приватен сектор. 

 - Во однос на бунарите, можеме да се сложиме со премиерот Груевски. Најголем бунар е неговата економска политика, реагираат од опозицијата.

19.11.2013 - 16:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега