Проверете дали утре ќе останете без струја

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД соопшти дека утре без електрична енергија во периодот од 08:30 до 16 часот ќе останат корисниците од селата Дејковец, Добрино, Тисовица, Градовци и Гумалево (општина Зелениково), а во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од улиците „Јакупица“ и „Аилска“ (општина Кисела Вода).

Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„100“ во село Кондово, како и корисниците од горниот дел од село Копаница (општина Сарај), во периодот од 9 до 15 часот, дел од корисниците од улиците бр.„3“ и „5“, како и корисниците од ул.„20“ во село Сарај (општина Сарај) и во периодот од 9 до 15:30 часот, корисниците од селата Радуша, Орашје и Дворце.

19.11.2013 - 16:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега