Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство

 

Пораешниот германски државен секретар за Европа, а сега само пратеник, Михаел Рот побара да има реципроцитет во однос на малцинствата во двете змеји, односно како што Македонија признава бугарско малцинство, така и Бугарија треба да го признае македонското малцинство.

„Многу добро што се среќаваат новите шефови на влади на Бугарија и Македонија! Како што Македонија го признава бугарското малцинство во Македонија, така и официјална Софија мора конечно да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, објави Рот на Твитер.

18.01.2022 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега