Петар Давитковски го фати Светиот крст во водите на Вардар

Голем број неготинци денеска присуствуваа на настанот кој традиционално се одржува на големиот христијански празник Богојавление-Водици, со осветување на водите на реката Вардар и фрлањето на светиот крст. Десетина  момчиња влегоа во студените води на Вардар, а најсреќен и најбрз од нив беше 21-годишниот Петар Давитковски од Црвени Брегови, кој прв го  фати крстот.

– Од мое лично име и од име на општината Неготино на сите им честитав на храброста, а на Петар му врачив подарок-телевизор. Тој од МПЦ,, Свети Атанасиј,, доби библија и икона, а од генералниот спонзор ,,Зегин”, машина за перење. На сите православни христијани од општина Неготино им го честитам празникот Богојавление-Водици со желби за добро здравје и среќа. Бог се јави, рече градоначалникот Горан Стојанов. 

19.01.2022 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега