ГАЛЕРИЈА: Комеморација за маестро Александар Џамбазов
„Остануваат сеќавањата на неговите настапи и на неговата музика за сите идни генерации“, нагласи премиерот Ковачевски во телеграмата со сочувство до семејството на маестро Џамбазов, тој додава дека со голема тага ја примил веста за заминувањето на еден од најистакнатите македонски композитори и диригенти, чие вонсериско творештво е своевиден амблем на македонската современа музика.
Заминувањето на личност каква што беше маестро Александар Џамбазов, пишува во телеграмата премиерот Ковачевски, е немерлива загуба за семејството и најблиските пријатели, колеги и соработници, и за сите нас кои имавме привилегија да бидеме современици со него и неговото музичко творештво.
____________________________________________________________________________