Питсбург: Се урна мост само неколку часа пред посетата на Бајден (ВИДЕО)
Во американскиот град Питсбурт се урна мост, само неколку часа пред посетата на претседателот Бајден, пренесуваат странските медиуми.
А пак, сегашниот претседател Бајден, требаше да зборува токму за лошата инфраструктура на градот.
Пенсилванија има 3.353 мостови во лоша состојба, што ја прави втората најлоша американска држава.
Според нацрт-законот поддржан и од демократите и од републиканците, Пенсилванија треба да добие 1,63 милијарди долари помош од федералната влада во следните две години за обнова на мостовите.
28.01.2022 - 19:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа