(ФОТО) СДСМ: Наум Стоилковски срамно ги понижува работниците
Секој ден се покажува вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Тие се против работниците и покачувањето на платите. портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски срамно ги понижува работниците кои работат на каса, обвинуваат од владејачката СДСМ во соопштението испратено по писмен пат до новинарите.
Зарем за Стоилковски работниците кои работат на каса не се доволно вредни?
Или мисли исто како неговиот Трајко Славевски дека работниците не заслужуваат поголема минимална плата од 18.000 денари, прашуваат од партијата
Никој нема право да ги навредува и понижува луѓето што работат на каса во маркетите.
Граѓаните знаат за лицемерието на ВМРО ДПМНЕ и подобро да не ги споменуваат наставниците.
Токму ВМРО-ДПМНЕ цела година во Собрание го кочат законот со кој се регулира статусот и се зголемуваат платите на 4.700 наставници, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ.

09.02.2022 - 18:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа