ВИДЕО: Автомеханичар измислил направа за полсено породување

 59-годишен автомеханичар Хорхе Одон од Аргентина, измислил нова справата која би можела да ја обележи историјата на медицината.

Навлекувањето на пластична ќеса преку главата на бебето за да се спаси неговиот живот може да делува контраиндикативно, но тоа е токму она што Одон го предлага со својот изум.

Имено, справата помага при безбедно извлекување на бебето заглавено во породилниот канал. Се’ што акушерот треба да направи е да навлече ќеса на главата на бебето, потоа да ја надува и да ја повлече рачката на неа за новороденчето да излезе.

Според пишувањето на Њујорк Тајмс, докторите и акушерите имаат само пофални зборови за изумот на Одон.

Ова е многу возбудливо,  веќе со години немаше речиси никаков напредок во тој домен“ – рекол д-р Марио Мериалди, главен координатор за унапредување на перинаталното здравје при Светската здравствена организација.

Лекарите сметаат дека изумот на Одон би можел да спаси многу бебиња во земјите во развој, па дури и да го намали бројот на операции на царски рез во светот.

 

20.11.2013 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа