Експлозија во Авганистан - три лица загинаа

Загинаа тројца цивили , а 22  беа ранети синоќа при експлозија во ресторан во јужниот авганистански град Кандахар, јави ДПА. 

Полицијата спроведе  истрага за инцидентот. Засега не е познато дали станува збор за напад на бунтовниците или за несреќен случај.

Претходно беше соопштено дека при напад на талибански бунтовници во соседната провинција Хелманд е убиен еден полициски началник, а властите во северната провинција Баглан соопштија дека го пронашле телото на висок службеник од соседната провинција Кундуз, кој беше киднапиран од талибанците. 

21.11.2013 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа