Ограбена американска конгресменка

 

Американска конгресменка Грејс Менг  била ограбена во центарот на Вашингтон, во близина на заградата на Капитол.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, демократската конгресменка Менг била по вечерата во еден од рестораните околу метро станицата „Истерн Маркет“ се упатила кон нејзиниот стан, кога напаѓач ја удрил по главата и и ја одзел чантата марка „Гучи“. Полицијата ја нашла конгресменката со повреди на главата, рацете и колената здобиени од ударот и падот.

- Нападот се случи додека одев, нити видов нити слушнав дека некој доаѓа, изјави Менг.

 

 

21.11.2013 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа