Турција и Грција се скараа за Света Софија

Турција и Грција започнаа вербална војна , за базиликата Света Софија,откако Турција најави дека постои можност музејот во некогашната црква Аја Софија да се претвори во џамија.

Турција нема што да научи од Грција за слободата на религиите , се наведува во соопштението на турското МНР, додека пак Грција остро реагираше на ова критикувајќи го  сегашниот статус на базиликата, која со декрет од 1934 година била претворена во музеј.

  Кавгата меѓу двете држави почна по изјавата на турскиот вицепремиер Булент Аринч пред неколку дена дека за џамијата Аја Софија доаѓаат подобри денови.Според него „религиозно место не треба да биде искористено за друга цел“.

 

Света Софија е изградена во 537 година и до доаѓањето на османлиите била седиште на Цариградската патријаршија , по што е претворена во џамија,а од 1935 година , Кемал Ататурк од џамија ја претвора во музеј .

21.11.2013 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега