ВИДЕО: Конечно откриена мистеријата со подвижната египетска статуа

Конечно се откри мистеријата за египетската статуа од музејот во Манчестер која самата од себе се движи околу својата оска,а долго време ги интригирала кустосите и посетителите.

Статуата е висока околу 25 сантиметри, претставува човек по име Неб Сану, и полека сама се движи, а според египтологот од Манчестерскиот музеј, Кембел Прајс се работи за клетва.

Оваа фигура била пронајдена во гробница заедно со мумија стара околу 4.000 години , а Прајс бил единствениот кој имал клуч.

Одговор дал и физичарот Брајан Кокс кој изјавил дека станува збор за вибрации кои ги создаваат статуата и собата во која се наоѓа истата. Инженерот Стив Гослинг, пак утврдил дека фигурата навистина се движи под дејство на слаби вибрации, предизвикани од сообраќајот и подот, по кој чекорат посетителите во музејот.

 "Вибрацијата е комбинација од повеќе извори како што се автобусите кои минуваат на улиците, но и човековите чекори. Статуата има конвексна основа. На нејзиното дно се наоѓа булбус кој ја прави активна на вибрации во однос на другите статуи со рамна основа", објаснил Голсинг.

21.11.2013 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега