ВМРО-ДПМНЕ: Кога мафијата владее, а раководството на МВР е до гуша во скандали - тогаш криминалците се комфорни

 

Оливер Спасовски наместо да ги гони криминалците кои хараат по Македонија, тој врши притисок и поднесува пријави на земјоделци кои протестирале за катастрофалните состојби во земјоделието, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утринава во соопштение испратено до медиумите. 
 
-Затоа пак, во Скопје се случуваат 50 вооружени разбојништва и други 3500 кривични дела низ Македонија.
Ова покажува дека основна улога на МВР е да ја заштитува владата од народот, а не да се грижи за редот и безбедноста на граѓаните.
Оливер Спасовски дозволи криминалот да метастазира, а тој лично е одговорен за тивката коалиција меѓу криминалот и власта, стои во соопштението. 
 
„Во време на неговиот мандат меѓу другото се случи нерасветлениот случај на прислушкување на судови и обвинителство, во негов мандат се случи делењето на пасоши на 215 белосветски криминалци, во негово време се случи негов кадар за началник на полиција да биде фатен во меѓународна акција за сузбивање на дрога, и на крајот  во негов мандат се случи МВР да набавува компјутери од фирма која е на црната листа на САД.
Поради фијаското на Спасовски денес криминалците се чувствуваат слободни и заштитени да хараат во Македонија. 
 
Кога мафијата владее, а раководството на МВР е до гуша во скандали, тогаш криминалците се комфорни, а народот небезбеден“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

21.03.2022 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега