Кина се запозна со поволностите за инвестирање во ТИРЗ

Претставници на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони на Република Македонија  присуствуваат на конгресот Automobil Produktion China, што се одржува во Гуангжоу, Кина.

На Конгресот ќе бидат претставени можностите за инвестирање во автомобилскиот сектор во Македонија, а посебен акцент ќе се стави на поволностите што се нудат за компаниите за инвестирање во Технолошко-индустриските развојни зони.

Присуствуваат претставници на компании од автомобилската индустрија од Кина, Европа и други региони во светот, како „Ауди“, „Мерцедес“, „Џели“, „Континентал“, „Бош“, „Леар“, „Инфинити“, „Фауресиа“.... Фокусот е ставен на стратегиите за производство на овие компании како и потенцијалите за зголемување на присуството на кинеските компании од автомобилската индустрија на глобалниот маркет.

 

22.11.2013 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега