Скопјанец ќе го лета џиновскиот ербас!

Со џиновскиот авион „ербас А 320“ од нискотарифниот авиопревозник „Вез ер“, ќе пилотира 28 годишниот скопјанец Димитар Ивановски пренесува Вечер. Ивановски е најмладиот пилот на авион во флотата на унгарскиот авиопревозник. 

За неговиот живот зборува Предраг Чемерикиќ во јавноста познат како вљубеник во авионите, а до пред три години беше прв човек на интернет-провајдерот „Он.нет“.

- Диме, исто како и јас, од мали нозе е на спортскиот аеродром “Стенковец” крај Скопје. Можам да речам дека Диме буквално е роден на аеродромот, бидејќи и татко му Ѓорѓи Ивановски, кој е познат параглајдерист, но и мајка му и брат му се позната фамилија авијатичари – ни раскажува Чемерикиќ.

22.11.2013 - 10:32
Фото: 
Вечер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега