Експлодираше нафтовод во Кина - загинаа 22 лица

Најмалку 22 лица загинаа во петокот откако поради истекување на нафта експлодираше нафтовод во приморскиот град Џингдао, во источната кинеска провинција Шандонг, јавија локалните власти.

Властите прецизираат дека локацијата на која се случил инциднетот е далеку од каква било нафтена инсталација или воен објект.

Нафтоводот Џингдао-Вејфанг, кој е во вкупна должина од 176 километри, беше пуштен во употреба во август годинава. Нафтоводот е сопственост на најголемата кинеска петрохемиска компанија „Синопек“.

Пожарот набрзо бил угаснат и засега нема информации за загадување на животната средина при овој инцидент.

22.11.2013 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега