Потпишан меморандум за развивање на туризмот во Македонија

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски и директорот на проектот за експанзија на мали бизниси, Карл Ларкинс, потпишаа меморандум за соработка со кој ќе се развива активниот туризам во Македонија.

Соработката вклучува формирање на работна група која ќе ги поврзе претставниците на локалните туристички претпријатија, како и на државната и локалната власт за да се поттикне развојот на оваа гранка. Ќе бидат организирани и AdventureEDU обуки за локалниот туристички сектор, студиско патување за запознавање на туроператори специјализирани за активен туризам со понудата во Македонија и Регионален самит на Здружението за активен туризам во домаќинство на државите од Западниот Балкан во 2015 година.

 

22.11.2013 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега