Четири кучиња го изеле до коска својот газда

Полицијата во Брисел  денеска откри ужасен призор во стан во населбата Андерлехт, наоѓајќи го телото на 60-годишен маж изеден до коска од неговите четири кучиња, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Од човекот висок 1,70 метри останале само неговите коски од кои најдолгата само 50 сантиметри!

Како што соопшти портпарол на бриселската полициска станица „Миди“, човекот што бил изеден умрел од природна смрт пред три недели. Откако нивниот господар починал, неговите четири мали домашни миленичиња почнале да го голтаат неговото месо. Кучињата по откривањето на ужасната слика биле однесени во прибежиште за животни, но според најавите тие ќе бидат евтаназирани.

Телото, односно коските на 67-годишниот Жак Б., полицијата ги откри по предупредување на негов сосед кој бил загрижен за повеќенеделното отсуство на Жак.

Во само две недели, ова е втор ужасен настан во Брисел, откако претходно полицијата во стан во престолнината откри тело во распаѓање на повозрасен маж, со кого во таква состојба си живеела неговата сопруга

22.11.2013 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега