Запленет коакин вреден 70 милиони долари

Запленети 120 килограми кокаин во Токио чија вредност е проценета на 72 милиони долари.

Ова е најголемото количество на дрога што некогаш било запленето во Јапонија, пишуваат јапонски медиуми.

Пред неколку дена еден постар локален жител на брегот пронашол четири ранци полни со дрога, кои биле обележени со флуоресцентни маркери, а вчера биле откриени уште два ранци со овој наркотик.

Медиумите најведуваат дека полицијата претпоставува оти ранците со дрога им припаѓале на лица што се занимаваат со илегална трговија на наркотици, кои најверојатно ги загубиле.

Портпаролот на полицијата не сакаше да ги коментара ваквите медиумски наводи.

Според податоците на јапонската Национална полициска служба, лани во земјата биле запленети само 6,6 килограми кокаин, што е значително помалку во споредба со 28,7-те килограми откриени во 2011 година

22.11.2013 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега