Роналдо: Не размислувам многу за Златната топка

Фудбалерот н на Реал Мадрид, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо денеска изјави дека не е опседнат со „Златната топка“.

- Не размислувам многу за „Златната топка“. Знам дека доделувањето на наградата е во јануари следната година. Не сакам многу да зборувам за тоа, бидејќи не зависи само од мене. Не сум опседнат со наградата. Ќе видиме што ќе се случи, изјави Роналдо за шпанското радио „Кадена Копе“.

 

22.11.2013 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега