Нашла прстен од пети век и добила награда од 1.200 евра

Една жена во Фалшепинг пронашла  прстен од петиот век.  Прстенот и донесе среќа,така што ќе добие награда од 11.000 шведски круни (околу 1.230 евра) од шведскиот Државен завод за антиквитети. 
                                        
Жената го нашла прстенот летово, кога видела нешто што светкало на работ на една изорана нива во моментот кога одела кај сосетката да позајми неколку јајца.

Се покажало дека прстенот бил стар околу 1.500 години.

Швеѓанката добила совет да се обрати до Музејот на Западен Готаланд. Археолози потоа го испитувале местото каде што бил најден прстенот, но не успеале да најдат уште некој предмет со археолошка вредност.

22.11.2013 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега