Доказ дека постои вистинска љубов - ја бакнал во 1938, а се венчаа во 2013!

Џорџ Рејнс  својата љубена Керол Харис во 1938 за прв пат ја бакнал а во 2013 година се венчаа.

Парот се венчаа   минатиот викенд во Сент Џон, во канадската покраина Њу Брансвик.

Џорџ и Керол се запознале во далечната 1936 година во прво одделение. Во трето одделение заедно глумеле во претставата „Заспаната убавица“.

„Јас бев заспаната убавица, а тој мојот принц“, вели симпатичната бабичка.

Иако во претставата Џорџ не требал да ја бакне, но тој тоа го сторил.

„Таа наеднаш скокна, а технички гледано, таа првата девојка која ја имам бакнато“, вели Џорџ.

Џорџ започнал да живее во  Онтариор каде основал семејство, но останал во врска со Керол, која не се омажила. Кога починала неговата сопруга, Џорџ повторно дошол во родниот град. Тие повторно се сретнале и се вљубиле еден во друг  и се венчале.

„Мојот принц од трето одделение најпосле се врати дома и реши тука да остане. Зарем тоа не е прекрасно?“, вели Керол.

 

22.11.2013 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега