Три автомобилски компании сакаат да инвестираат во Македонија

Три компании од автомобилскиот сектор покажуваат интерес за инвестирање во Македонија, oбјавува ТВ Сител. Според информации на телевизијата, претставници на компаниите ќе пристигнат во Македонија по Нова година и ќе имаат можност директно да се запознаат со условите за водење бизнис во зоните.

Директорот на зоните, Виктор Мизо, за Сител објаснува дека станува збор за компании за производство на електронски компоненти и за производство на машински и механички компоненти за автомобилскиот сектор, односно и трудоинтензивни компании и технолошки компании кои произведуваат производи со повисока додаена вредност. Тој информира дека е разговарано и со компании кои веќе се присутни во Чешка, Полска, Романија и Унгарија и тие се заинтересирани да го преселат своето производство во Македонија поради поконкурентната работна сила.

Мизо во моментов присуствува на конгрес на автомобилска индустрија во Берлин, на кој присуствуваат и првите луѓе на Опел, Волво, Мерцедес, БМВ, Фолсфагфен и Форд. Македонија е единствената земја од Источна Европа која има свој штанд на конгресот.

23.11.2013 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа