Груевски: Нова странска инвестиција доаѓа во Кавадарци

Компанија од Тунис, партнер на Дрекслермаер, планира да изгради свој производствен капацитет во близина на фабриката на Дрекслермаер во Кавадарци, информираше денеска премиерот Никола Груевски. 

-Компанијата веќе ја посети Македонија и од она што го кажа доста е извесно дека ќе дојде во Македонија да произведува одредени делови кои се потребни за производството на Дрекслермаер, рече денеска премиерот Груевски по пуштањето во употреба на регионалниот пат Кавадарци-Мушевгроб.

Тој не сака да го открие името на компанијата, но, вели дека се работи за компанија која отвора фабрики секаде каде што отвора и Дрекслермаер.

- Тие се нивни бизнис партнери и обично кога Дрекслермаер ќе отоври нова фабрика и тие отвораат своја фабрика на истото место заради намалување на транспортните трошоци за нивниот производ, рече Груевски.

Премиерот објасни дека со евентуалната изградба на новата фабрика, ќе се намалат цените на производите на туниската компанија, но и на производите на Дрекслермаер.

24.11.2013 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега