Започна изградбата на "Јужен тек" во Србија

Започна изградбата на Јужен тек во Србија. На официјалниот почеток на изградбата „Јужен тек“ присуствуваа претседателот на Србија, Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ, министерот за индустрија, природни ресурси и просторно планирање Милан Бачевиќ, рускиот министер за енергетика Александар Новак и директорот на „Газпром“ Алексеј Милер.

Претседателот Николиќ пред присутните истакна дека „Јужен тек“ е енергетски проект на векот, додека премиерот Дачиж посочи дека конечно во Србија по долги години се гради нешто големо.

- Тоа е најголем проект на територијата на Србија, но проектот не е голем само за нашата земја, туку и за Европа, посочи Дачиќ.

Инаку, изградбата на гасоводот чини 16 милијарди евра.

24.11.2013 - 21:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега