Ѓоковиќ си ја отвори душата: Тенисот ми го спаси животот

Новак Ѓоковиќ деновиве беше во посета на Аргентина, каде за тамошните медиуми раскажа како му поминало детството во Југославија.

Србинот истакна дека тенисот му го спасил животот, иако пред него, никој во семејството немал врска со „белиот спорт“.

„Тенисот ми помогна многу во животот, пред се за психолошката состојба, бидејќи го исполни моето секојдневие со позитивни нешта. Никој во семејството не се занимавал со тенис пред мене“, вели Ѓоковиќ.

Тој вели дека тенисот е неговиот живот: - „На само четири години гледав тенис на телевизија, па почнав да тренирам на терените спроти ресторанот кој мојот татко го имаше. Среќен сум што тој секогаш веруваше во мене и во моите способности, а уште порадосен што сум опкружен со луѓе кои ме направија шампион“, вели тенисерот и додава дека спортот му овозможил да патува, запознава нови луѓе и да го запознае светот.

25.11.2013 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа